Жалуз ќе игра во втора лига 

58

Најдобриот туниски ракометар Ваел Жалуз,  ќе замине на позајмица во Франција каде ќе игра во второлигашката конкуренција. Тунижанецот ќе биде дел од Шартр, до летото во 2020 година. Барселона реши да го испрати на позајмица, затоа што за него нема место во тимот, иако во минатото беше главен играч.

Жалуз (27) минатата сезона ја мина во Фуксе Берлин, а додека е во Барселона, беше на позајмица и во редовите на Кил. За него ова ќе биде трета позајмица и шанса пак да ја врати старата форма.

Жалуз со Барселона има договор до крајот на сезоната 2020/21.