Лука Циндриќ еден месец во аут

56

Хрватскиот  ракометен репрезентативец и екс-играч на македонскиот шампион Вардар, Лука Циндриќ, нема да може да игра за Киелце на најважните натпревари  во Лигата на шампионите.

Средниот бек се повреди за време на Мундијалот, а повредата воопшто не е наивна. Се работи за повреда на мускулот, која бара мирување од најмалку еден месец. Циндриќ нема да игра на мечевите со Кристијанштад, Монпелје и Рајн Некар Левен, а под знак прашалник е и неговиот настап на дуелот против унгарски Веспрем.

Киелце моментално е на третото место во групата од Лигата на шампионите со 12 бода, исто колку и Рајн Некар Левен и Веспрем. Има два порази, а следниот предизвик ќе биде тежок гостински дуел кај Кристијанштад на 9 февруари.