Oпштина Росоман ќе наплатува за нерационално трошење вода

70

Да се отпишат долговите за комунални услуги постари од три години за росоманчани. Ваква одлука донесе Советот на општина Росоман, на предлог на советникот Атанас Стојанов.

Беше одлучено до 25 кубни метри потрошена вода за пиење, да се плаќа по 15 денари од кубик, а тоа што ќе се потроши над оваа количина, да се плаќа двојно повисока цена.

Расправајќи по Предлог-програмата за уредување на градежно земјиште, Стојанов побара канализирање на водите од петте чешми од отворен тип од Шопско Маало, а предлогот беше прифатен од градоначалникот Бранко Јанев.