Оваа пролет, скопската Зоолошка градина стана побогата за многу нови жители, кои им донесоа радост на посетителите, но и на вработените.

Од Зоолошката  информираат дека седум младенчиња лемури, два патаси, бебе бодликаво прасе, берберски овци, џуџести кози, камила, магаренце, алпака и пони коњче се само дел од младенчињата во периодот април-мај.

Оттаму нагласуваат дека новородените животни веќе се надвор со своите родители и посетителите може да ги видат.

Воедно, најавуваат дека кон крајот на мај и почетокот на јуни, како и за крајот на училишната година се планирани повеќе забавни и едукативни настани за најмладите, за кои велат дека наскоро ќе објават детали.

(А.П.)