EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, е подготвен да игра турнир во Швајцарија, но локалните медиуми го обвинија дека „подготвува хаос“. Србинот ќе учествува на турнирот во Женева, но тамошните медиуми пишуваат за него и неговото доаѓање во негативен контекст. Всушност, оваа приказна ја објави „Ле Кантон 27“, швајцарски весник на албански јазик.

  • Познатиот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, подготвува скандал во Женева. Дали ќе навреди 300.000 Албанци во Швајцарија со своите веќе традиционални, шовинистички и расистички провокации? – гласи насловот на скандалозниот текст.

Во текстот се наведува дека Ѓоковиќ е познат по скандалите во Австралија и по провокациите кон Косово, а се истакнува дека неговото доаѓање во земја во која живеат 340.000 Албанци може да предизвика многу контроверзи.

Турнирот во Женева започна и ќе трае до недела. Актуелен шампион е Николас Јари, Чилеанецот што играше во полуфиналето на мастерсот во Рим.

Новак Ѓоковиќ никогаш досега нема играно на овој турнир од серијата 250, кој претходно двапати го освоија Каспер Руд и Стен Вавринка. Победници на Женева опен беа уште Александар Зверев и Мартон Фучович.

Ѓоковиќ не се прослави во Рим, бидејќи беше елиминиран од Чилеанецот Алехандро Табило, но сигурно ќе има можност да го подобри резултатот во Швајцарија, иако, како повеќето тенисери, ќе се фокусира на Ролан Гарос и на турнирот во Париз, кој започнува веднаш по Швајцарија.