АНКЕТА: Во очекување на новата цена – Колку ќе поскапи струјата?

2172

И покрај тоа што владата најави дека поскапувањето на струјата нема да биде поголемо од 10 отсто, сè поизвесно е дека сметките за струја ќе бидат многу повисоки. Според пресметките кои се направени врз основа на доставените барања на некои од енергетските компании, струјата најверојатно ќе поскапи за 38 отсто. Дополнително, проблем од следната година е што ДДВ-то од сегашните 5 отсто се враќа на 10 отсто, а најверојатно ќе биде укината и евтината дневна тарифа. Според пресметките на енергетските експерти, од јануари сметките за струја би биле повисоки за минимум 1.000 денари.

Во очекување на новата цена - Колку ќе поскапи струјата?