Александар Николоски стана татко, се роди Јосиф

213

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание Александар Николоски стана татко. Пратеникот на социјалните мрежин сподели радосна вест дека му се родил синот кој ќе го носи името Јосиф.

„Денес ја добивме најголемата радост! Се роди нашиот син Јосиф Николоски! Сопругата Александра и јас, како и цело семејство пресреќни!“, објави Николоски на социјалните мрежи.

Николоски беше претседател на УМС во период од 2004 до 2008 година и повеќе од 12 години член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски се ожени со избраничката Александра во јуни 2018 година.