Актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), планира во следните неколку недели да потпише нов договор со офанзивниот играч за врска, Брахим Дијаз, кој веќе три сезони по ред настапува како позајмен играч во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан. „Росонерите“ имаат право да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната, но челниците на Реал (М) сакаат да го вратат на „Сантијаго Бернабеу“.