Земјотрес од 6,3 степени ја погоди Јапонија и траеше цели 10 секунди!

51

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Шикоку во Јапонија.

Земјотресот е регистриран во 14 часот и 48 минути по локално време, на 17 километри од Уваџима на длабочина од 26 километри, пренесува EMSC.

Исклучително силен земјотрес бил почувствуван на широко подрачје на западна Јапонија, а епицентарот бил во каналот Бунго.

Според веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот „траел десет секунди, но не бил почувствуван толку силно“.

Нема предупредувања за опасност од цунами или потенцијална катастрофа. Засега нема информации за жртви или материјална штета.