Порасна бројот на жртви во поплавите во Пакистан

45

Бројот на загинати од обилните дождови и поплавите во Пакистан се искачи на најмалку 63, соопштија денеска официјални лица.

Повеќето од смртните случаи биле пријавени во северозападната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва.

Во уривањето на згради загинаа 32 лица, меѓу кои 15 деца и пет жени, изјави Хуршид Анвар, портпарол на Управата за управување со катастрофи.