Олександр Усик стана апсолутен шампион во тешка категорија, откако Украинецот го победи Тајсон Фјури во Саудиска Арабија и сега е сопственик на сите можни појаси во елитната категорија. Овој исход 37-годишникот го најави пред неколку години, но тогаш многумина му се смееја на неговите зборови.

Усик пред неколку дена ја доби борбата со „непобедливиот“ цигански крал Тајсон Фјури, а светот на боксот го доби првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија од 1999 година кога во тоа време стана Ленокс Луис.

  • Работам напорно за да ја исчистам и тешката категорија. Џошуа или Фјури? Ќе ги победам и двајцата, истакна Усик во 2020 година кога доминираше во категоријата крузер.

Во тоа време имаше само една борба во тешка категорија, против Чез Витерспун.

  • Ги победив сите во крузер категорија, јас сум апсолутен шампион, а тоа е мојата цел и во тешка категорија. Сè започнува од првата борба, се тестирам себеси против борци од светска класа на патот да станам шампион, рече Усик откако реши да оди во кралската категорија.

Украинецот на крајот ги исполни сите ветувања. Тој отиде во Англија и го победи Ентони Џошуа пред 80.000 луѓе, а потоа тоа го направи и во Саудиска Арабија каде го нокаутира Тајсон Фјури.

Новиот дуел со „Кралот на циганите“ закажан за 12 октомври може да биде последен меч во кариерата на Усик. Тој веќе постигна се што можеше во кариерата и со евентуална победа повеќе не би имал што да докажува некому.