„Економист“: Зеленски беснее и вика по генералите

705
EPA-EFE/Mads Claus Rasmussen

Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека неговите генерали ја кријат вистината од него и почнал да вика по нив, тврди „Економист“ повикувајќи се на неименувани извори од владата во Киев.

Бесот на Зеленски беше спомнат во извештајот за ситуацијата во регионот Харков, каде руските сили зазедоа значајни позиции. Според британскиот весник, меѓу украинската армија на теренот се шират незадоволство и разни теории за причините за поразот.

Некои ги обвинуваат САД за недоволна и доцна помош, други се сомневаат во неспособност или предавство. Има и „теории на заговор“ за политичарите во Киев и Вашингтон, кои наводно продаваат територии.

Денис Јарославски, локален командант кој се најде на насловните страници затоа што не се изградени утврдувањата што требаше да го спречат напредувањето на Русија, рече дека функционерите со кои Зеленски е опкружен го држат претседателот „во топла вода“, односно го лажат.

Анонимен извор од владата во Киев изјави дека Зеленски се судри со украинските генерали бидејќи тие не му ја кажуваат вистината за ситуацијата на фронтот.

Украинските и меѓународните медиуми претходно објавија за заладените односи на Зеленски со военото раководство.

Во декември весникот „Украинска правда“ објави дека Зеленски го поткопува угледот на Валериј Залужни, кој во тоа време беше началник на Генералштабот, во корист на Александар Сирски.

Се чини дека Зеленски има два типа војници: „добрите“ со кои командува Сирски и неговите миленици и „лошите“ со кои командува Залужни“, вели овој извор. „Тоа го деморализира Залужни и го попречува да командува со војската.

Во февруари Зеленски го отпушти Залужни од врховен командант и го назначи Сирски.

„Тајм“ минатиот ноември објави дека желбата на Зеленски да победи на воено поле станала „месијанска“ и дека тоа го довело во конфликт со некои високи офицери.

Висок воен функционер рече дека канцеларијата на Зеленски издала директна наредба до единицата да заземе град и го добила следниот одговор:

“Со што? Немаме повеќе оружје, ниту војници“, пренесува RT Balkan.