Тинејџери планирале исламски екстремистички напад во Германија

308
EPA Clemens Bilan

Обвинителството во Дизелдорф денеска соопшти дека тројца тинејџери се уапсени под сомнение дека планирале исламски екстремистички напад.

Станува збор за девојчиња на 15 и 16 години и едно 15-годишно момче, уапсени во различни делови на областа Рајна-Вестфалија.

Тие се осомничени дека изразиле подготвеност да извршат „терористички напади мотивирани од исламисти“ и нивно планирање, пренесува АП.

Германските медиуми тврдат дека уапсените тинејџери создале група за разговор на Интернет и дека не прецизирале конкретни планови за местото или времето на нападот.