Шоу на неверојатниот Словенец: Далас со тројката на Дончиќ до голема предност во финалето на Западот/ВИДЕО

389
EPA EFE ADAM DAVIS

Кошаркарите на Далас на гости го победија тимот на Минесота со 109:108 и поведоа со 2:0 во финалната плејоф серија од Западната конференција на НБА лигата.

Вториот брејк за Маверикс го донесе Лука Дончиќ со тројка која во свој стил ја погоди преку Руди Гобер на три секунди пред звукот на сирената.

Репрезентативецот на Словенија, го „издрибла“ еден од најдобрите дефанзивци во лигата, направи препознатлив чекор назад и погоди за три поени.

Тимбервулфс имаа уште три секунди, но Наз Рид промаши удар од далечина.

Лука Дончиќ беше најефикасен во победничкиот тим.  Натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок – 32 поени, 13 асистенции и 10 скока, додека Ирвин имаше 20 поени.

Кај Минесота најдобар поединец беше Наз Рид со 21, а го следеше Едвардс со 21 поен.