Град Скопје и јавното претпријатие „Водовод и канализација“ работат на подобрување на водоводната мрежа на улицата број „1“, во населеното место Стопански двор, во општината Ѓорче Петров. Станува збор за реконструкција со која двојно се зголемиува профилот на водоводната мрежа  кон краците 1 и 2 на оваа улица, во насока кон патот за Економија до станбената улица број 24.

– Со реализација на оваа реконструкција се создадаваат услови за поквалитетно водоснабдување на жителите кои што живеат во поширокото подрачје на оваа скопска населба – соопштија од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека со јавното претпријатие „Водовод и канализација“ по завршување на оваа реконструкција ќе продолжат со проектите за реконструкција на постојната водоводна и канализациона мрежа во Волково.