Во Горно Оризари се врши реконструкција на 10 краци на улици со вкупна должина над 2 километри. Проектот за реконструкција, покрај нов коловоз, вклучува и реконструкција на канализационата мрежа и нови водоводни приклучоци.

– Лошата инфраструктура во урбаната и руралните средини, мора да стане минато и да биде заменета со услови во какви што заслужуваат да живеат сите граѓани на нашата општина. Токму затоа, на врвот на приоритетите на оваа локална самоуправа е реализацијата на проекти кои ќе ги решат инфраструктурните проблеми и ќе овозможат промени и развој на општината, согласно барањата на времето во кое живееме – вели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Покрај на реконструкцијата на улиците во Горно Оризари, општината согласно Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште, развојната програма и во соработката со јавните претпријатија и други институции,  работи и на улици во Долно Оризари, на улица „Бурса“, во населба „Недопирливи“, на улица „Солунска“, улица „Крушевска Република“, на патеката Тумбе кафе – Смолево и на други локации.