Претседателот на Словачка го посетил Фицо во болница: „Се сеќава на сè“!

48
EPA-EFE/JAKUB GAVLAK

Словачкиот премиер Роберт Фицо се сеќава на околностите на неговиот атентат на 15 мај, изјави новоизбраниот претседател Петер Пелегрини, кој го посети шефот на владата во болницата.

– Се сеќава на се. Беше изненаден колку брзо тоа се случило – изјави Пелегрини.

Премиерот бил свесен кога го донеле во болница и се сеќава на се, како му пружиле прва помош, изјави Пелегрини, кој во четвртокот успеал да разговара со Фицо неколку минути.

Пелегрини изјави дека лекарите не планираат повторно да го оперираат Фицо и дека во понеделник ќе биде донесена одлука тој да биде префрлен во Братислава.

Словачкиот премиер Роберт Фицо се наоѓа во болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран откако беше ранет во пукање по седницата на Владата што се одржа во градот Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. По неколкучасовна операција, Фицо бил ставен во индуцирана кома 24 часа.

Фицо беше застрелан кога по средбата во средата излезе да се поздрави со насобраните граѓани.

Напаѓачот на Фицо веднаш бил уапсен и обвинет за обид за убиство од политички причини.

Министерот за одбрана на Словачка по вонредната седница на Советот за државна безбедност и на Владата изјави дека лекарите прават сè за да ја стабилизираат состојбата на премиерот и дека не може да изјави дека ситуацијата се развива позитивно или дека тој е надвор од опасност.

Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток претходно соопшти дека кон Фицо биле испукани пет истрели и потврди дека атентатот врз премиерот е извршен од политички причини.