Полуматуранти во Подгорица прославија крај на учебната година, па со факели го запалија училиштето/ВИДЕО

152

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето на нивното образование во тоа основно училиште. Нема повредени, а на терен се пожарникари и полиција, штетата допрва ќе се утврдува информираат од училиштето.

– Во палењето учествуваа сите ученици од деветто одделение, соопшти директорката.

На местото на настанот излегле пет екипи со 15 пожарникари информираат од противпожарната служба. Од таму велат дека штетата на училиштето е голема.

Пожарот зафатил дел од покривот и површина од 40 до 50 метри квадратни.

Според видеото објавено на Инстаграм, чадот од пожарот е висок неколку метри и го зафатил самиот покрив на основното училиште „Владо Милиќ“. Поради употреба на пиротехнички средства училиштето било опожарено, а учениците се евакуирани поради пожарот, пишува порталот „Антена“.

Директорката на училиштето Ивана Милиќ изјави дека нема повредени

– Штетата допрва ќе се утврдува – кратко прокоментира Милиќ за „Вијести“.

Таа за новинарите пред училиштето изјави дека инцидентот се случил околу десет часот.

Во палењето на факелите учествуваа сите ученици од деветто одделение – рече Милиќ.

Вршителот на должноста командант на Службата за заштита и спасување Подгорица, Здравко Блечиќ, за новинарите изјави дека на лице место излегле пет екипи со 15 пожарникари.

– Пожарот зафатил дел од покривот и површина од 40 до 50 метри квадратни. Пожарникарите имаа проблеми со приближувањето и пристапот до овој дел од училиштето, но со помош на чуварот, кој беше многу брз, успеаја – рече Блечиќ.

Тој рече дека штетата во училиштето е голема.