Познатиот моден ланец Есприт прогласи банкрот во Германија. Се додава дека се погодени уште шест филијали и 1.500 вработени, пренесува „Билд“.

Ова не е прв пазар на кој модниот бренд има проблеми. На крајот на март во швајцарските медиуми се појави вест за банкрот на Есприт на нивниот пазар. Истото се случи и во Белгија.

Според официјалното соопштение на Есприт, банкротот на швајцарската филијала и затворањето на филијалите биле „неизбежни“, пренесува „Swissinfo“.

-Глобалниот економски развој, во комбинација со наглото зголемување на трошоците за енергија и логистика, како и негативното расположение на потрошувачите и, последно, но не и најмалку важно, високите кирии за нашите филијали, на крајот ни оневозможија да продолжиме со нашиот бизнис, напиша компанијата во април.

Презадолженоста на швајцарската филијала на Есприт изнесуваше околу 12 милиони швајцарски франци на крајот на 2023 година.

Според тогашните информации што ги дадоа, компанијата ќе се реорганизира и во иднина ќе се концентрира на онлајн продавање и трговија со партнери за франшизата. Фокус е и на „новите импулси во онлајн купувањето“. Менаџментот сака да остане присутен во онлајн трговијата во Швајцарија.