Поставен е нов рекорд за најбрзо продаваната видео игра во производството „PlayStation“, објави „Sony Interactive Entertainment“.
Станува збор за играта со пукање „Helldivers 2“, која се продаде во неверојатни 12 милиони примероци во првите 12 недели. Ова го собори рекордот на брзина на продажба што долго време го држеше видео играта „God of War Ragnarok“.
„Helldivers 2“ е специфична игра за уште една работа – таа е првата видео игра која беше симултано објавена и за „PlayStation“ и за PC, а продажбата на верзијата наменета за играње на компјутери помина подобро.
Оваа видео игра е седма најуспешна од кујната на Sony кога станува збор за приходите, но како што забележува сајтот HCL, резултатот од продадени 12 милиони примероци се броел до 5 мај.
Ова е важно бидејќи по тој датум играта беше отстранета од продажба на многу пазари каде што PlayStation Network (PSN) не беше поддржана. Значи, можеби 12 милиони играчи навистина ја купиле играта, но прашање е колку од нив ја задржале.