Почнаа забраните за риболов, поради мрестење на рибата

1015

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство забрани риболов на дел од риболовните води во периодот на природен мрест за оваа година.

Оваа информација е многу важна за рибарите што рекреативно фаќаат риба на риболовниот ревир Вардар 3 – Скопски за одделни видови риби. Така, од 15 април до 31 мај е забранет риболов на сом, а на бојник и скобуст – до 15 мај.

Од 5 мај до 5 јуни се забранува улов на клен и крап, а за попадиката забраната важи до 15 јуни. Се забранува да се ловат бела мрена и црна мрена од 15 мај до 30 јуни.

На делот на од риболовниот ревир Вардар 3 – Скопски, тоа е потегот на реката Треска од браната „Матка“ до вливот во реката Вардар, периодот на забрана е од први октомври 2024 до 31 јануари 2025 година за сите видови риба.