Нови канти и контејнери за отпадоци поставени на патарините

43

ЈП за државни патишта постави нови канти за отпадоци и контејнери покрај патарините. Станува збор за 260 канти за отпадоци и 40 контејнери поставени помеѓу наплатните пунктови.

– За да ја задржиме животната средината чиста поставивме нови канти за отпадоци и контејнери на наплатните станици, овој пат на повидливи места со цел да ви го олесниме фрлањето на отпадот. Впрочем треба да сме свесни дека фрлениот отпад на коловозот претставува опасност за сите учесници во сообраќајот. Воедно, замолуваме доколку забележите фрлање на отпад на и покрај државните патишта да пријавите кај надлежните служби или да ја споделите информацијата со нас на contact@roads.org.mk