НОВ РЕКОРД НА ЦЕНАТА НА ГАСОТ ВО ЕВРОПА

124

Цената на гасот на берзата во Европа надмина 400 долари за илјада кубни метри за прв пат од декември 2023 година, пренесува ТАСС.

За време на тргувањето на лондонската берза ICE, цената на гасот прво изнесуваше 389,7 долари за илјада кубни метри, а потоа достигна максимални 408,944 долари пред да се стабилизира на 405,5 долари за илјада кубни метри.

Цената на јунските фјучерси во центарот TTF во Холандија се искачи на околу 401 долар за 1.000 кубни метри.

Уделот на енергијата од ветер во производството на електрична енергија во ЕУ во мај достигна само 14 проценти, што е најниско од септември 2023 година. Покрај тоа, поправките на гасните постројки во Норвешка, која во моментов е главен снабдувач на гас во Европа со удел од 30 проценти, исто така вршат притисок врз цените на гасот.

Исто така, цената на гасот во Европа почна постепено да расте по веста за смртта на претседателот на Иран, Ебрахим Раиси.

Иако грејната сезона во Европа заврши на 31 март со рекордни резерви од 58,34 отсто, а подземните складишта беа исполнети до 67,53 отсто, се проценува дека подготовката на новиот пакет руски санкции и дискусиите за забрана на претовар на руски течен природен гас придонесе за скок на цените на гасот (LNG) во европските пристаништа..