БРИТАНСКИ НАУЧНИК ТВРДИ: Уште една пандемија е апсолутно неизбежна

373

Поранешниот главен научен советник на британската влада, Патрик Веленс, денеска изјави дека нова пандемија е апсолутно неизбежна и ја повика новата британска влада да се фокусира на подготовката за тоа, предупредувајќи дека се уште не е подготвена за такво нешто.

Говорејќи на панелот на фестивалот Хеј во велшкиот округ Паус, Веленс рече дека е одлично што ќе се одржат избори бидејќи има очигледни прашања што треба да се решат, објави Гардијан.

Една од работите што треба да ги направи следната влада е да спроведе подобар надзор за да може да ги открие претстојните пандемии, рече тој, за да не се прогласуваат ектремни мерки што беа воведени за време на пандемијата на вирусот Ковид-19, рече Веленс.

Тој предупреди дека лидерите на земјите од Г7 ги заборавиле лекциите од последната пандемија, истакнувајќи дека подготовките за пандемија треба да се третираат како подготовка на вооружените сили.

– Знаеме дека мора да имаме војска, не затоа што ќе има војна оваа година, туку знаеме дека тоа е суштински дел од она што и треба на земјата. На ист начин мораме да ја третираме оваа подготвеност, истакна Веленс.

Предлогот на Светската здравствена организација, со кој земјите од светот би постигнале договор за подготовки за следните пандемии, е „чекор во вистинската насока“, оцени Валенс.