НЕМА РАЗГОВОРИ ЗА ТОА! Полјански е јасен: „Мировна формула“ на Зеленски е нереален ултиматум до Русија

144
EPA-EFE/Secretary of the Zaporizhzhia City Council telegram channel

Таканаречената „мировна формула“ на Володимир Зеленски претставува нереален ултиматум до Русија и Москва и нема причина да разговара за тоа, изјави за Спутник заменик постојаниот претседател на Русија во ОН, Дмитриј Полјански.

– Единствената платформа на која режимот во Киев е подготвен да разговара со другите партии е таканаречената „формула на Зеленски“, која е целосно нереална и заснована на желби, на идејата дека Украина е способна да и нанесе пораз на Русија – оцени Полјански.

Како што додаде, ваквата формулација на прашањето всушност е „одреден вид ултиматум и нема апсолутно никаква причина во светот некој да разговара за тоа“.
– Посебно ние – нагласи Полјански.

Тој изјави дека Русија и Украина во оваа фаза се „исклучително далеку“ од каков било практичен напредок кон преговорите за решавање на конфликтот.

– Причините за тоа се сосема јасни: пред се, режимот во Киев и неговиот лидер забрануваат да влегуваат во какви било преговори со Русија. Ова е утврдено со закон на крајот на 2022 година – потсети рускиот дипломат.

Тој рече и дека меѓународната конференција за Украина, која е планирана за јуни во Швајцарија, нема перспектива бидејќи Русија не учествува и затоа што не ги зема предвид сите аспекти на ситуацијата и вистинските причини за конфликтот.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е за преговори за Украина и не спречува никого да ги води, за разлика од Западот чија цел беше да ја победи Русија. Тој посочи дека Русија поаѓа од тоа дека завршил легитимитетот на Володимир Зеленски како претседател на Украина.