Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Тајсон наскоро повторно ќе влезе во рингот и ќе вкрсти ракавици со 30 години помладиот јутјубер Џејк Пол (27). Натпреварот е закажан за 20 јули во Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас, а целиот настан ќе се пренесува на Нетфликс.

Мајк Тајсон (57) е подвижна икона на боксот и човек кој со ваквите настани носи куп пари. Еден од последните натпревари во неговата професионална кариера беше против Кевин Мекбрајд, од кого загуби во 2005 година во Вашингтон. Беше многу интересен меч, Тајсон беше подобро оценет од судиите, но во седмата рунда изјави дека се предава, а Ирецот победи ни крив, ни должен. Токму Кевин Мекбрајд му дал совет на Џејк Пол.

Тој смета дека е потребна извонредна храброст да се влезе во рингот со поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија.

  • Држи ги рацете горе! Никогаш не знаеш што ќе направи Тајсон. Тој е застрашувачки човек. Без разлика дали си борец или јутјубер, потребни се многу големи мадиња за да влезете во ринг со Тајсон. Дури и во неговите педесетти. Тајсон не е шега, изјави Мекбрајд во интервју за „Инстант казино“ и додаде:
  • Мајк оди таму за да победи, а Пол ќе мора да биде во врвна форма за да преживее.

Џејк Пол освен што е активен на Јутјуб, многу заработува и од боксот, па лани во рингот заработил 38 милиони долари. Од 3 април 2023 година, Џејк Пол е во врска со холандската натпреварувачка во врзо лизгање Јута Лирдам. Двајцата се запознале преку Инстаграм и уживаат во љубовта.