Австралиската боксерка Ебани Бриџис (37) е уште една во низата спортисти кои почнаа да работат за Саудиска Арабија. Таа стана промотор на Боксерската асоцијација на оваа земја.
„Сината бомбардерка“, како што многумина ја нарекуваат, се стекна голема слава поради она што го прави пред борбите. Таа на мерењата секогаш се појавува прилично гола и во преден план ги истакнува своите атрибути. Поради ова, нејзините боксерски вештини беа во голема мера занемарени, иако станува збор за девојка која го држеше шампионскиот појас на ИБФ во бантам категорија.
Сега отиде чекор понатаму. Таа одлучи да ја рекламира Боксерската федерација на Саудиска Арабија, бидејќи не можела да ги одбие парите за тоа.
Така направила промотивно видео. Овој пат таа не мораше да се соблече за да го подигне чекот и тоа е навистина голема работа за промена.
Секако, рекламирањето на Саудиска Арабија не можеше да помине без осуда на фановите. Многумина од нив започнаа со приказната за правата на жените во оваа земја и со осудите на Ебани Бриџис. За жал, секој има пристап до Интернет, па голотијата објавена од Австралијката е достапна за секого.