Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино

31

Коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ, доставила приговор до Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино. ДИК е должна да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на приговорот. На решението од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

На прегласувањето во средата на 22-ри мај, токму на избирачкото место во Желино, коалицијата ВЛЕН доби пратенички мандат на сметка на Европскиот фронт.

„Во изборната единица 6, коалиција ‘Европски фронт’ има освоено вкупно 53 731 глас, односно осум мандати, а коалицијата ‘Вреди’ 47 849 гласа или осум мандати“, соопшти во средата претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Со неофицијалните резултати, ДУИ сега има 18 пратенички места, а ВЛЕН со добиениот плус еден 14 народни избраници. СДСМ исто така остана на 18, а ВМРО – ДПМНЕ останува на 58 освоени мандати во идниот парламент кој се очекува да се конституира следната недела. ЗНАМ на Максим Димитриевски и Левица на Димитар Апасиев освоија по 6 мандати за следниот собраниски состав.

Роковите за приговори траеа до синоќа до 22 часот.

Во вторник ќе се одржи конститутивната седница со новиот собраниски состав, за во кој ВМРО-ДПМНЕ вели дека имаат консолидирано 61 пратеник. Новата влада се очекува да биде формирана до 20-ти јуни.