Календарот на јавни настапи на Кејт Мидлтон е целосно празен до крајот на годината

629

Извор близок до принцезата од Велс за британските медиуми открил дека нејзиниот календар на јавни настапи е целосно празен до крајот на оваа година.

Кејт Мидлтон неодамна откри дека боледува од рак и е на превентивна хемотерапија. После тоа во јавноста се појавија многу малку детали за идната британска кралица, а според последните информации нејзините фанови немаат многу причини за оптимизам.

Извори блиски до Кенсингтонската палата тврдат дека Мидлтон нема да се појави во јавноста барем до крајот на оваа година.

Daily Beast пишува дека календарот на принцезата е целосно празен до крајот на годината и дека таа не планира да се појавува во јавноста.