Ѓоковиќ и Надал во прегратка: Средба на годината пред Ролан Гарос/ВИДЕО

206

Едниот си заминуваше, другиот само што пристигнуваше на тренинг. Прегратка на двајцата тенисери кои заедно со Рожер Федерер го одбележаа 21-от век на тенисот и станаа најуспешните во историјата.

Ѓоковиќ во Париз пристигна од Женева, и право на терен и тоа со Хамад Меѓедовиќ. Претходно Надал тренираше во Ленглен со Холгер Руне, одржа прес-конференција, а потоа уште малку на Шатрие.

Новак и Рафа се сретнаа, а во таа прегратка „се собрани“ 46 Грен слем титули и 59 меѓусебни натпревари.

Ѓоковиќ во недела од 16 часот ќе ја одржи воведната прес-конференција во Париз, а во првото коло (вторник) ќе се сретне со Пјер-Јога Хербер од Франција.

Надал во понеделник ќе се сретне со Александар Зверев.