Има речиси 60 години, нема никакви интервенции, а изгледа како божица: Салма Хајек ја откри својата тајна/ФОТО

200

Актерката Салма Хајек (57) изгледа одлично, а нејзината вајана фигура се должи на режимот на вежбање и исхрана кој постојано го следи, а кој баш и не е строг.
Таа нагласува дека има опуштен пристап кон исхраната и вежбањето.

Постојано се придржува до овие правила, кои не бараат многу труд:

Внимава на своето држење
Поради нејзиниот напорен распоред, кој понекогаш вклучува долги работни денови од 20 часа, Салма ретко има време да вежба во теретана. И покрај тоа, таа научила пасивно да го тренира своето тело.

„Една жена од Лондон ми покажа како можам да го држам телото на таков начин што мускулите ми се активни цел ден. Дури и кога ги мијам забите, мускулите ми работат“, објасни Салма.

Таа додаде дека нејзината тајна е ресторативна јога.

„Тој тип на јога ме научи да ги тонизирам мускулите без да ги затегнувам. Ги опуштате и се фокусирате на деловите што треба да се користат, но никогаш со напнатост. Ако сте свесни за вашето тело, можете да се изненадите од ефектот што може да го има“, додаде Салма.

Го вклучува танцот во нејзините тренинзи
Кога вежба, Салма сака да и ги прави тренинзите попријатни, па затоа сака и да танцува пропратно со некои вежби. Така, на пример, додека оди на лентата за трчање, знае да ги заниша колковите во ритамот на музиката.

Секој ден ги шета своите кучиња
Шетањето со кучињата е нејзината омилена вежба.
Таа еднаш на Инстаграм, покрај сликата од нејзините миленици напиша: „Ова е мојата верзија на вежбање, а ова се моите тренери“.

Одмара секогаш кога може
Понекогаш, кога не знае дали повеќе би сакала да вежба или да плива во океан, Салма решава да се одмори на плажа и да го испие својот омилен пијалок.
За неа е важно да ужива во вежбањето

Кога вежба, Салма се труди тоа да биде тренинг во кој ќе ужива.
Таа најмногу сака кардио и интервални тренинзи со висок интензитет со некои вежби за сила.

Поминува многу време во природа и сака да плива
Судејќи по фотографиите кои редовно ги објавува на социјалните мрежи, актерката ја обожава природата и сака да плива.

Ја јаде храната во која ужива

„Не сакам диети и не сум добра во тоа“, признава.

„Наместо ограничување во исхраната, јадете урамнотежена храна со многу хранливи материи“, порачува Хајек.

Понекогаш ужива во и не толку здрава храна, како сладолед, и вели дека тоа и ја храни душата.

Фан е на свежо цедени сокови.

„Кога сум под стрес, се свртувам кон утешната храна. Откако ќе го исчистам телото со сокови, мотивирана сум да се хранам поздраво. Детоксикацијата ми е како медитација. Ме тера да застанам, да се фокусирам и да почнам да размислувам за тоа што ставам во моето тело“, кажа еднаш Салма.

Користи масажа за закрепнување
Кога станува збор за зајакнување на мускулите, масажата е вистинската работа за Салма. Таа смета дека е важно да се најде добар масер.
Иако нејзината масерка живее во Јапонија, таа одвреме-навреме го посетува Лондон и тогаш актерката оди на масажа.

„Масажата е моето тајно оружје. Обезбедува кислород, ја активира циркулацијата, ги одржува мускулите здрави и цврсти. Масажата прави чуда за лимфниот систем и лицето“, објасни Салма, пренесува Womens Health.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)