Градежниците лани потрошиле 12 милијарди денари за материјали и енергија

37

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 11,86 милијарди  денари, што е за 6,6 проценти повеќе во однос на претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали за врзување со 5 милијарди денари (42,7 проценти), потоа следат групите Потрошено гориво со 1,76 мичлијарди денари (14,9 проценти) и Материјали за армирање и прицврстување со 1,35 милијарди денари (11,4 проценти).