Ѓоковиќ сурово искрен: НЕ СУМ МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ЗА РОЛАН ГАРОС

39
EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Новак Ѓоковиќ пристигна во Париз и ден по поразот во полуфиналето на турнирот во Женева (серија 250) веќе е фокусиран на Ролан Гарос.

Најдобриот светски тенисер денеска ќе го одработи првиот тренинг на Ролан Гарос, веднаш откако Рафаел Надал заврши со тренинзите и се подготвува за дербито од првото коло против Александар Зверев.

Сепак Ѓоковиќ изјави  дека не се смета себеси за фаворит пред почетокот на Ролан Гарос каде ја почнува својата одбрана на титулата утре против Французинот Пјер-Иг Хербер.

Ѓоковиќ, кој е рекордер со 24 освоени грен слем титули, вчера загуби од Чехот Томаш Махач со 4:6, 6:0, 1:6 во полуфиналето на турнирот во Женева.

На социјалните мрежи се појави видео кое шокираше многумина. Камерата го фати моментот на првиот сет кога може да се види како му се тресеше раката додека се обидуваше да се напие вода, што јасно покажува колку е лош на теренот. Ова видео само дополнително ја потврди тежината на ситуацијата што ја доживеа Новак за време на натпреварот.

Триесетиседумгодишниот Ѓоковиќ во Париз пристигнува без ниту еден трофеј од почетокот на годината и не е преголем оптимист за успешен настап на Отвореното првенство на Франција.

„Секако дека сум загрижен … Воопшто не играм добро оваа година“, изјави Ѓоковиќ.
Одговарајќи на новинарско прашање околу шансите за одбрана на титулата на Ролан Гарос, Ѓоковиќ рече: Не се сметам себеси за фаворит таму. Имам многу да работам. Ќе одам натпревар по натпревар и ќе видам до каде можам да стигнам. Само се надевам дека ќе бидам здрав и добро подготвен за Ролан Гарос“