Ѓоковиќ слави роденден, Јелена му го честиташе на посебен начин: „Блесав, шашав и неуморен“/ВИДЕО

160

Новак Ѓоковиќ денеска го слави својот 37 роденден, но – работно. Еден од најдобрите тенисери во светот моментално се наоѓа во Женева, каде игра во осминафиналето на турнирот од Серија 250.

Честитки доаѓаат од сите страни, а секако најважните се издвојуваат од членовите на семејството. Меѓу првите се огласи неговата сопруга Јелена.

Таа на Инстаграм објави емотивно видео на кое се гледа како разменуваат нежности, со песната на Селин Дион „Je nous veux“.

„Среќен роденден, љубов. Среќен роденден на блесавиот, шашавиот, неуморен татко со срце големо како вселената. Не е дека си наш, ама навистина си најдобар. Те сакаме“, напиша таа покрај видеото.

Овој пат семејната прослава на роденденот на Ноле ќе треба да почека уште малку. За тоа е виновна „вишата сила“, односно натпреварувањето во Женева, по кое го чека Ролан Гарос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)