Премиерлигашки клинч за Вирц

203

Големите ривали од англиската Премиер лига, Манчестер Сити и Арсенал, не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на најдобриот фудбалер во дресот на новиот шампион на Германија, тимот на Баер од Леверкузен, Фроријан Вирц. Раководните лица на двата клуба се убедени дека челниците на Леверкузен ќе седнат на преговарачката маса доколку официјалната понуда не биде помала од 100 мил. фунти.