ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Панде Којунџиев (31)

    544

                                                    Преко Одборот за илинденски пензии
    до Президиумот на народното собрание на Народна Република Македонија
    С К О П Ј Е

    Со решение на Одборот за илинденски пензии при Президиумот на нар. собрание на Нар. Република Македонија бр. 870 од 28-ВИ-1947 година, ми е признато право и ми е доделена лична илинденска пензија во месечен износ од 1.200 динари.
    Во това време ми е доделена таква мала т.е. минимална пензија од причини што тогај притежавах едно мало количество земја. Меѓутоа таа земја се блокира за Градското земјоделско стопанство уште во 1948 година, од кога јас само со ова доделена ми пензија тешко преживеам. Уште со доделувањето на таква минимална пензија, јас саках да ставам приговор, бидејки доходот од таа земја беше совсем мал, но од едни и други причини приговор против горното решение не вложих.
    Меѓутоа немирајки се денеска во доста тешко економско положение и бидејки доделената ми лична пензија не може да покрие ни најнужните животни издатоци, а немајки никаков друг приход, е поднесувам ова молба преко Одборот за илинденски пензии до Президиумот на нар.собрание на Н.Р.Македонија, со молба да изврши преглед и ревизија на мојата положба со доделената ми пензија, те да ми се истата повиши, а имајки ги во предвид и следните позначителни околности, који претставуваат разлог за моето право на повисока пензија, а тие се следните:
    Како што се видува и од документите приложени кон предметот за доделената ми пензија со горното решение, сум бил организатор и претседател на Околиско раководно тело. Сум два пати затваран по тој однос и лежал во затворот ”Еди-куле” во Солун и това првиот пат 9-месеци и вториот пат една година и десет дена. Во приложените порано документи биографијата и дејноста ми за ослободувањето на Македонија е совсем кратко описано, а поред означените работи, сега ке ги наведам и следните позначителни околности за мојата револуционерна дејност, а тие се следните:
    През 1906 година сум избран за делегат за сврзување на дејноста на Струмишкиот округ со движението на Јане Сандански, која врска е одржувах задгранично т.е. илегално.
    Освен това, сум еден од делегатите који одржувахме состанците со официелните делегати испратени од Атина Хаџи Киријакос и Д-р Стиријадис т.е. за состанакот који се споменува во книгата ”Илинденска епопеја” ИИ дел од Ангел Динев на стр. 288 и др. т.е. како делегати од наша страна бевме: јас, Славчо Кљамбов и Георги Хаџи Котарев.


    Од горе наведеното т.е. од описот на нашата дејност во таа книга, се видува каква функција сум вршил во текот на револуционерното движење за ослободувањето на Македонија, а и ред други дејности значајни по тој однос, па сум останал доследен во таа борба и до денеска, што се видува и од следното:
    После Хуриетот т.е. во младотурската конституција земах видно участие во агитацијата за избор за народен пратеник во Цариград другарот Димитар Влахов како федералист и претставник на нашето рев. движење, који биде избран за таков од нашата Струмишка околија, а кое нешто ке го потврди и самиот Дим. Влахов.
    Понатамо сум одржувал директни врски со работничкиот социјалистички првак Васил Главинов, који след 1913 година при првите избори за нар. пратеници, на мој адрес испрати црвени билетини за пласирање по повод на изборите, а који се со моја иницијатива пласираа помегју гражданите и селаните од Струмица и околијата, а со који отпочна пријавата за официелно работничко движење во Струмица и околијата.
    И во сегашното нар. ослободително движење двајца од моите синови имаат земено видно участие во првиот Струмишки партизански одред, а и јас лично во ова возраст през 1944/45 година бев прв претседател на нар.фронт за град Струмица.
    Од горе изложеното, како и од порано наведените дејности во документите приложени кон предметот при издавањето на првото решение, сметам дека заслужавам за полна пензија предвидена во чл.5 од Зак. за илиденски пензии, поради кое молам да ми се истата повиши.
    С.Ф  –  С.Н.
    Струмица,30-И-1951 год.