ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Иван Д.Чамински, с.Владимирово Беровско(25)

    627

     

    Б И О Г Р А Ф И Ј А

    За Иван Д.Чамински, роден 1886 година во с.Владимирово Беровско, од родители Сава Илиева Бакалска, и Димитар Ив. Чамински, од самото раждане останах без татко, след като наврших една година изгорела е и кучата и сичко какво е имало во неја. И мјками со големи трудности не гледала со по големиот ни брат кој е постар од мене три години и во училиште не издражавала до колко е имало во селото ни. След сврших шрво клас а немаже кој да ме издржа за да продолжа по голема школа останах си во селото и пасех чужди стоки, и оште од тогава нешто ме влечеше да мисла за нешто кое го има и се работи противу Турската Власт. Един ден като си пасех добиците случајно намерих една Пушка кримка, која пез таја нош ја изгубили нашите прво борци и сотрудници на Делчева, двама та братја Васил и Тасе Шуперлиски и Никол Поп Гаврилов, сите од Владимирово, за това може да потврди лична Димитри Влахов, зашто тој ги лична познава и е работил со них. Пушката која ја намерих ја прикрих во един Храс, и кажах на Чичоми. Тој јави на горе поменати те борци, и тија дојдоха оште во тове ден и ја прибраха пушката. А това беше пред Виничката афера, След като наврших 15 годишна возрас се прибрах при Саве Младеновски, од село Владимирово, да уча занајат шивачлак, а тове мајстор беше најмного поврзан кај идејата на Гоце Делчев, и нај силно работеше во това време, и јас веднага се залових за неговата идеја и работа, и работих при него цели 6 години, макар и да беше во нај гомемија разгар на Врховизамот, во нащата Околија. Но пак неможа да ископачат централизамот, зашто го подржахме като имахме во секо село искрени мажје здраво заврзани за таја светла идеја, това можехме пак да работиме и да спречаваме на Врховистите чети во много работи. Като на пример хватили сме им раководители во село Русиново и сме им земали сичко кокво са имали да чуват за нихните врховисти чети, који тука врлумаја по нашите заслепени крајишта. Некаде сме и нападали и со оружје, като например: четата на Георги Попата, од село Истевник Царовоселска Околија. Сме го били во колибите  широки дол, во колун, во сливница, тамо каде си намери и гробот. Но преди тој да си намери гробот ме хвати во Митрашинските колиби предаден од неговите работници во нашето село, да сам јазе на добро момче за них. А това беше преди да стане неговото убиство во Сливница, и тој по нихно наришдание одсече едно дабово дрво и като ми седна един на нозете о тој на главата и ме идариха дваесе пати кото што се коллца Царевица, и после јазе неможах да се мрдна од местото каде беха ме сложил до вечерта, и ми казаха ритај тамо ние вас коцкарите и нивните слуги ке ве истребиме, од големе мрзна ги наричаха централните чети коцкарски. Но благодареније што незнаеха точно зашто сам земал участие во горе поменатите напади и во земенето на нихно каво имаја при раководитело во Русиново, пошто незнаеха и ме оставиха жив. А од това тепанје и денеска левата нога при една малка работа ја завлача од придолг похот. За сите тија наведени работи могат да свидочат. Ефтим Левенски од село Владимирово, и Јован Постоловски, од истото село, и Никол Ст. Гјешински од село Мачево, кој е бил лично памо кога ме пепаја, ако има потреба мога да наведа колко се поискат. Нашите чети кои се движеја по нашата Околија и со кои работехме по главни беха. Ристо Чернопеев, Мануш Андреја, Герасим Огнанов и Иван Берчов од село Русиново.
    Во 1912 година като се отвори војната со Турчина, потпомагахме Воиските кои минеха през наште краишта. 1913 година ме земаха војник Бугарски през месец јуни истата година ме заплениха Грците, на село Негрита Серска околија, и не чуваја четири месеци во остров Тричири. Какво сме гледане и хранени мисла това да се знае по цела Европа. След като се заварнахме од ропството, што да видиме во селото жандари Српски, кои гледат со ложо око на нас и почнаха да не третират, а јас си земах по ново пушката и замах да провода през граница сите подгонени тогавашни од Српските власти, зашто нихното намерение беше се што има со отворени очи да го поништат, и като што направиха 1914 година во нашото село. Милим това да е чуено по цела Југославија, се до Октомври месец 1915 година преводих и спасавах много мажи и жени од тија гадни зверови, каде бидех и ранен во десната нога над коленото на границата при висока Махала Струмичка Околија. Като се отвори третата воијна ме поставиха за Стражар во Берово, и бидех шест месеци. Като видех какво се вршат не правди, какво вршат освети за нихни лични интереси, јас неможех да гледам тија мрсни работи и подадох оставка. Началникот Мангров од Кратево, ми каза да не подавам оставка зашто ке ме земале војник а јас му рекох по арно војник од колко да гледам тија мрсотији, и ми се уважи оставката и веднага ме земаха војник, и се до 18 година до като се растури фронтот. Тогај се врнах дома, но пак ме не оставиха немира ново дожлите ослободители бившите Југословени, започнаха да питат нихните слуги кој какво е бил во минатото, и тија нихни слуги пак ме бележија и некоји по млади момчета се до 1925 година бех подзрен и подгонен и бијен грозно од Жандарите кји беха на Станица во нашето село. Во 1925 година се осмелиха да ми посакат три товари организациони пушки и един карабин и един парабелов леволвер који били лично моји, за това може да докаже тогавашниот кмет јован Геор. Кушовски од селото ни кој е жив и денеска. Но това като не мошеха да успејат започнаха да трсат начин какво да ме украднат и убијат, но провидението тури рака над мене и се даке постават примка да ме хванат се не можеја да успејат. Од 1926 година като се малко промени положението почнаха да ми измачват през Судови без никакви причини и се до 1941 година бех по судови. Даже едно дело остана не извршено во Првостепени суд во Струмица.

    Од 1941 година од началото не бех третиран од Бугарската влас и сотје добро со неја, но като ме разбраја за мојто минало каков сам бил и да сам работил са централистие. А тогај власта беше ложо настроена противу централистите, јас немах поворене во тогавашната власт, и не бех сметан за Илинденец, и бех отстранен. Но јас убеден за денешниот строј като разбрах двишението да е слично за кое сам се и јас бирил, за това гледах на сеи начин да добија врска со нашите прво борци. Но когато мина Македонскиот Штаб през нашите планини и тогај ванах врска со куриерот кој ги преводи, и ми кажа сето положение, јас тогај ме уште по веке заинтересува и гледах на секи начин да се поврза со них. През месец јули 1944 година и ги помагах се до колко сам можел, за това може да потврди, комесарот на тогавашната 4 бригада Раде Гогов/Црно-речки/ и Никола Пејев од село Богданци.

    През ослободуенето работа во сите организации, за кое може да потврдат по вишите фронтовски организации.

    С.Ф. – С.Н.

    3.ИЏ.46 год.

    Владимирово