ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Хаджи – Колјо Иванов Гјурков (30)

    581

                                                                                                                                                 Б И О Г Р А Ф И Ј А

    Хаджи – Колјо Иванов Гјурков ул. “67” бр. 18 втори-реон.

    Роден сум 1882 година во град Штип, од трговско семејство. Од моето семејство мојот чичко Тасе Гјурков беше познат као борец-револуционер-организатор, а и самите други обстојателства во това време теророт на големо-Турците, од една страна, и опитите за националното влијание на Српската православна црква, од друга страна, на мене влиајева и јас уште од раната младос почнав до осетувам во себе борбен дух.
    Уште во својата 15-16 година, еден ден од страна на двајца Турци еднијот на име Мустафа, а другијот Јусуф, кој тогај бева колджии во Штип, мене ме сретнава и под изговор оти бараат тутун-шверц ме обискирава и ми удрива два шамара. При моето отидуване до дома, јас се пожалив на мојот чичко и од него тражев да ми се разреши да ги утепам горе поменатите. Мојот чичко след кусо советуване со Гоце Делчев, кој тогај беше учител во Штип, се согласива и јас со Гоце Делчев отидов во поле да ме научи на ракуване со оражје и ми даде некој напатствија, односно атентатот кој требаше да го извршам, јас земав оражје и го извршив вопроснијот атентат. Од двајцата турци еднијот на место беше мртов, а другијот остана тешко ранет. Истијот Турчин кој остана тешко ранет јас го утепав во 1912 година во Скопје.


    След извршеното убиство јас бев принуден да побегнав во Бугарија, кое и го сторив. Во мое отсаствие Турците ме осудива на смрт.
    Во 1900 година јас се вратив одново се вратив во Штип. Живеејки во Штип јас работев во тогамашната терористичка група, во која заедно соме бева: Спиро Келеманов, Мите Кусото, Ване Балов, Ефрем криводолски војвода, Моне Вратести, Моне Сомуниката, Стојче Голубов, Диле Црнијот и други. След два до три месеца од моето довагјане од Бугарија, след една провала јас заедно други 94 души бевме уапсени и осудени. Јас бев осуден као малолетен на 12 години и осум месеца и останав во тогавашнијот куршумли хан во Скопје. Во затворот бев подвргнат на разни не човечни маченија, но останав последен на својте идеали.
    Во 1904 година со дадената тогај политичка амнестија, јас бев ослободен од затвор. Пошто тогавашното Турско население не ме примаше да живејам во Штип, јас останав во Скопје.
    Во Скопје работев као пајтонджија и винаги со пајтоно пренесуев разни раководители на движението од едно место во друго, како и матријали нужни за работа на организацијата.
    Во това време сум работел со тогавашните раководители-војводи: Бобе Војвода, Дамјан Груев, Тодор Лазаров, Даме Марнинов-Грачанец и Васил Стојанов-Аджаларски.
    Во 1912 година пошто ми беше од страна на Турците земен пајтонот и јас појдов во Куманово да наплатам за истијот. Како това не беше возможност јас уште со неколцина од Куманово тргнавме да тражиме некоја Македонска чета и се приклјучиме кон истата. Чета најдовме во Кратово. Со истата чета на која беше Војвода Спиро Дилив и Лазо Дивлјанец, во која јас бев курир, ние тргнавме за Скопје. След извесно време ние стигнавме во Скопје. По пат ние разрушивме доста мостови. Во 1913 година од страна на тогавашната Српска власт со 97 души други Скопјани јас бев интернијон во Косовска Митровица. Во интернација останав 50-60 дена и со подпишуването на Букурешкијот мир бев заедно со останалите ослободен.
    След ослободуването од интернација во Скопје останав до1918 година. Во 1916 година бев повикан од страна на Димитар  Влахоц во Приштина кој тогај таму беше Окружен управител, и при него работев како пристав-околиски, а след това преместин во Бујановац, каде останав све до одстаплението на Бугарските власти, и заедно со нив се повлеков во Бугарија. Това е на кратко мојата биографија.