ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Коста Т. Ичков од с. Серменин, околија Гевгелиска (12)

    462

       БИОГРАФИЈА
    Од Коста Т. Ичков

     

    Роден сум во с. Серменин, околија Гевгелиска 1882 год. од сиромашна земјоделска фамилија. Основна школа не успеав да завршам поради бедното положение, бидејки останав и без татко и така почнав уште мал да работам да пасам чужда стока и да се бавам со дрводелска работа. Оште како на 15-18 години т.е. во фебруар во 1901 год. се упознав со комитските чети и македонското револуционарно движение, бидејки во тоа време комитите идеа во нашата кукја и во комшијте. Таа година бев со други селани и јас како стопанин на кукјата назаклетвата во црквата за верност на покретот. Војводите во чие присаствие се земаше заклетвата беа: Гјорджиков и Михаил Попето, а за теренски војвода беше јованчо Карасулијата. Од тогај почнав да суработам и активно да работам за македонскиот револуционарен покрет. Во нашите места влегуваа во тоа време четите на јованче Карасулијата, Чернопеев само заминаваше, Аргир Манасиев се задржуваше во нашите места, Луката кои што заминуваше за Воденско. Известно време во ”Кожув” се наогјаше Тодор Иванов родом од нашето село, а кои што е убиен во Воденско. Со него се наогјаше Петруш П. Попов родом од с. Серменин кои што е жив. При избиването на јованчовата чета за војвода на негово место дојде Лазар Ореовски како врховист. При крајот во нашето место војвода е бил Ичко Димитров около 1906 и 1907 год. За сето ово време вршев во главно курирска служба. Селските раководители Делјо Аджиевски Лазад Кјуров и Ристо Капеданчето ми даваа задачи како познат од по рано да разнесуваам пошта, храна и оружие, како и да обавестувам кретането на турските потери. Това беше се до крајот на 1907. Во 1908 год. стана уриетот. Во 1909 год. учествував со оружие во младотурската револуција како доброволец против режимот на султанот Абдул Хамид во Цариград. Од моите тогавашни другари еден е жив и тоа е Петруш П. Попов од с. Серменин. После вракјането ми од Цариград наставив со својата домашна работа до 1912 год. Во 1912 год брат ми Ванчо беше повикан од турската војска, но тој избега со Ичко и Странджа војвода. Есента истата година кога избухна турско-балканската војна, брат ми беше тешко ранет, од кои рани и умре, а во исто време турците и мене ме побараа во војска при мобилизацијата. Пошто при смрта се наогјав кај брат ми, се наоружив со неговото оружие и станав илегален, се до изгонуването на Турците од Македонија. 1913 год. во месец јануар бев повикан да одам доброволец во бугарската војска за Одрин, јас не отидех, а некои од нашето село тогај отидоа. 1914 год. во есента татко и на мојата жена/тогај вереница/ Мите Итов беше обесен од србскиот војвода Бабунски по некоја кумитска причина. По тој случај избегав во Петрич. И така бев мобилизаран во бугарската војска 1915 год. Ради непокорност због некои неправилности од бугарските офицери бев осумничен и ухапшен. Од саслушанието приметив дека ми прети опасност, това приликом спроведуването до војниот суд избегав испред стражарите, од каде за цело време бев одметник по Беласица и Кожув се до пробојот на Солунскиот фронт. Окупацијата на фашистичка Германија и Бугарија ме затекна дома. За време на окупацијата соработував со НОП, така да 1943 година паднав во затвор, каде бев подвргнат на мачења 1944 година. После вракјанјето пошто ми беше оплачкана кукјата и живата стока изедена од контрашите, стапив на служба како шумар во месец фебруар 1945 година. Денес сум шумски милиционер.
    Примедба: Окупацијата на фашистичка Германија и Бугарија 1941 год. ме затекна дома. За време на окупацијата  соработуваах со Народно-ослободилачкиот покрет, така да 1943 год. паднав во затвор, како и останалите мои кои беа дома.
    За моето учество и работа во револуционерниот покрет можат да посведочат потписоците Петар П. Попов стар 80 год. и носилац на Илинденска споменица и Тодар Банчоков стар на 75 год. За време на окупацијата и сега, за моето држанје и работа може по обширно да кажат другарите Ристо Бајалски члан Ц.К.П.ј. и Деко Ковачов капетан на УДБ.

    Во Бугарија, како интернирец останувам се до нивната капитулација, 1944 година.