Дваесет прочистувачи на воздухот ќе штитат од вируси и бактерии

67

Основното училиште „Невена Георгиева Дуња” е првото основно училиште на Балканот, целосно опремено и тоа со 20 пречистувачи на воздух. Во секоја училница е поставен по еден пречистувач од реномиран германскиот бренд дизајниран да обезбеди стопроцентна заштита од вируси, бактерии, полен и други микроорганизми.

Се работи за вредна донација од општествено одговорната компанија „Екотип“, со која Општина Кисела Вода склучи стратешко партнерство и започна заедничка кампања за имплементирање на најсовремени иновативни еколошки решенија. Едновремено, донацијата опфаќа и дополнителни пет пречистувачи за воздух за надворешна употреба кои се поставени во парковите, каде има најголем фреквенција на луѓе.

– Се работи за пренослив систем за пречистување на воздух дизајниран да ги задржува 99.99% од вирусите, бактериите, поленот и другите микроорганизми, со што се обезбедува чистота на воздухот, идеална дури и за операциона сала.Се надеваме дека оваа иницијатива ќе биде пример за другите општини и за Градот Скопје и дека ќе поттикне зголемена свесност за значењето на чистиот воздух за нашето здравје и квалитетот на живот. Општина Кисела ќе продолжи да работи на проекти кои имаат за цел да ја подобрат животната средина и да ја зголемат благосостојбата на сите наши граѓани – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека општината ставила во функција две мерни станици за квалитет на воздухот, едната во паркот „Македонија“, а втората од неодамна е поставена во кругот на АД „Цементарница“. При тоа, резултатите се видливи во секој момент на општинската веб страница.

– Првите 20 пречистувачи се пренослив систем за прочистување на воздух дизајниран да ги задржува 99.99% од вирусите, бактериите и другите микроорганизми присутни како аеробна честичка во воздухот обезбедувајќи безвирусен, безбеден воздух во речиси секое внатрешно опкружување. Еден уред ефикасно го прочистува воздухот во просторија до 200 квадратни метри, приближно пет пати на час, обезбедувајќи чистота на воздухот, идеална за училници, градинки, медицински ординации, канцеларии, малопродажни продавници, ресторани, теретани итн – изјави генералниот директор и основач на „Екотип“, Илија Андреевски.

(А.П.)