Во текот на изминативе два дена, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во координација со Град Скопје, спроведоа акција за отстранување на неколку диви депонии лоцирани во скопската општина Ѓорче Петров.

Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 100 кубни метри претежно кабаст, градежен и мешан комунален отпад, при што се отстранети 60 кубни метри отпад од обемна дива депонија на улицата „Црногорска“, во близина на автобуската постојка, како и 40 кубни метри отпад од неколку помали диви депонии лоцирани на улиците „Македонска војска“, „Христо Батанџиев“, „Борис Сарафов“, „Никола Пушкаров“ и „Лука Геров“.

Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелираат до граѓаните правилно и совесно да го одлагаат својот отпад и на тој начин да придонесат кон заштитата на животната средина и јавното здравје.