Најсилната кошаркарска лига – НБА ќе гобие нов шампион, откако Денвер претрпе пораз на свој паркет во седмиот натпревар од конференциското полуфинале на Западот од  тимот на Минесота со 98:90.

Минесота беше во негатива од 15 поени на полувремето, заостануваше и 20 во третата четвртина, а поведе на почетокот на четвртата-четвртина и имаше предност до крајот на натпреварот. До вечерва ниту една екипа во историјата на НБА лигата во седмиот натпревар од серијата не надополнила -15 на полувремето.

Јокиќ повторно беше одличен, но тоа не беше доволно. Актуелниот и трикратен МВП на лигата постигна 34 поени и имаше 19 скока и седум асистенции, а го следеше Џамал ​​Мареј со 35, но залудно. Ниту еден друг играч од шампионите од минатата сезона не додаде повеќе од седум поени.

  • Тие погодуваа, имаа многу офанзивни скокови, а ние промашивме многу отворени шутеви. Но, понекогаш промашувате, а ние денес многу промашувавме. Не се прашувавме само ние, тие играа и добра одбрана, затоа ја имаат најдобрата во НБА лигата. Тешко е да се одбрани титулата бидејќи другите тимови се погладни, подобри од минатата сезона и веројатно сите сакаат да победат, изјави Јокиќ по натпреварот.

Србинот на крајот доби прашање за враќање во репрезентацијата која летово ја чека настап на Олимписките игри во Париз. Турнирот започнува на 28 јули, а Србија првиот натпревар ќе го одигра против селекцијата на САД. Јокиќ не даде дефинитивен одговор, но ниту беше преголем оптимист.

  • Не знам, ќе видиме. Морам да размислам, заврши Јокиќ.