Американскиот боксер Рајан Гарсија (25) ја запроси девојката Савана Бонд (33) пред борбата за титулата во суперлесна категорија против Девин Хени, дуел кој ќе се одржи на 20 април.
Гарсија ја запроси познатата порно актерка која во кариерата снимила преку 100 порниќи. Боксерот на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како клекнува на едно колено и ја запросува 33-годишната Австралијка, која ја прифати понудата.
Гарсија има турбулентен љубовен живот. Имено, тој се разведе од поранешната сопруга само еден час подоцна откако таа му роди неговото дете, велејќи дека финансиски ќе ги издржува неговите две деца се додека е потребно.
Гарсија е дсота активен на социјалните мрежи, а за тоа најдобро говори бројката од 10,5 милиони следбеници на Инстаграм, а важи и за еден од најпопуларните боксери на денешницата. За споредба, Тајсон Фјури го следат 6,9 милиони фанови.
Гарсија досега има одработено 25 борби и има биланс од 24 победи и еден пораз. Во 20 наврати славеше со нокаут.