Девојките на познатите фудбалери се претежно манекенки и често ги нарекуваме инфлуенсерки, со оглед на активноста на социјалните мрежи, каде што секојдневно објавуваат содржини што го привлекуваат вниманието на нивните следачи.

Џесика Гоикочеа не е исклучок. Манекенката, која е во врска со Марк Бартра, сподели неколку снимки од својата неодамнешна посета на Бали (Индонезија) и ги шокираше сите со една фотографија. Имено, таа позираше целосно гола, со свртен грб. Нејзините 1,8 милиони следачи останаа подзинати и сите се прашуваат како е можно сопственикот на Инстаграм да не ја отстрани, бидејќи се работи за содржина што не е наменета за помлади од 18 години.

Џесика веќе подолго време привлекува големо внимание поради објавувањето експлицитни содржини, а прашање е како се справува со сето тоа нејзиниот избраник, поранешниот играч на Барселона.