Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Обидот за атентат се случил кога Фичо отишол меѓу насобраните луѓе.
Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава.
BREAKING: Prime minister of Slovakia Robert Fico has just been shot pic.twitter.com/ww3zCNzM1B
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) May 15, 2024
Напаѓачот е уапсен на лице место.
Според очевидци, Фицо им пришол на луѓето и биле испукани неколку истрели. Словачкиот премиер паднал на земја, а напаѓачот веднаш бил приведен од полицијата. Фицо е префрлен со хеликоптер во болница во Братислава.