Исчистена огромна депонија покрај реката Вејачка

94

Претставници од ЦУК, 10 војници од АРМ, тројца специјалци од Единицата за брзо распоредување при МВР, претставници од Црвен крст и вработени од Националниот парк „Шар Планина“, денеска активно работеа на чистeње на територијата на националниот парк „Шар Планина“, во рамките на акцијата „Генералка викенд“.

Од „Мен енд Маунтен“ информираа дека во рамките на акцијата во која се чистеше селото Вешала е исчистена огромна депонија покрај реката Вејачка, ѓубре што било фрлано 20 години.    

Акцијата започна од 9 часот од пред седиштето на Националниот парк „Попова Шапка“.

Отпадот го собира и ќе постават контејнери од австриската фирма „Sаubermacher“.

Акцијата „Генералка викенд“ е најмасовната акција за чистење во државава, а се очекува повеќе од 16.000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции да излезат и да чистат на над 300 локации.

За секои 10 килограми собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП „Национални шуми“ посветуваат по едно дрво во своите годишни планови за пошумување. Од 2022 година, поради „Генералка викенд“, беа насадени повеќе од 100.000 дрвја.

Црвениот крст и оваа година ќе се грижи за безбедноста на лицата низ државата кои ќе учествуваат во „Генералка викенд“, а весникот ВЕЧЕР е медиумски поддржувач на акцијата.

(А.П.)