ФОТО: Шкендија тренира, Филипе во комбинација

80

Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија, го одработува последниот тренинг пред утрешниот реванш натпревар од првото квалификациско коло од Лигата на шампиони, против естонскиот преставник Номе Калју. Првиот натпревар во Талин заврши со минимален триумф на Шкендија од 1:0.

На реванш дуелот во Скопје (почеток 17:00 ч.), македонскиот преставник ќе ги има на располагање и услугите на најзвучната летна авизиција, бразилскиот интернационалец, Хуан Филипе, кој според предводникот на Шкендија, Ќатип Османи, не е доволно физички подготвен, но е во комбинација за овој натпревар.

ФОТО: П.Стојановски