EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Хокеарите на Чешка станаа светски шампиони по седми пат во историјата, откако во финалето одиграно во Прага ја совладаа Швајцарија со 2:0. Двата гола беа постигнати во последниот период.

Давид Пастрнак ја доведе репрезентацијата на Чешка во предност на десет минути пред крајот на мечот, а Давид Кампф со гол на празна мрежа на 19 секунди до крајот – ја потврди победата. Одличен настап имаше и чешкиот голман Лукас Достал, кој собра 31 одбрана.

На тој начин, по 14 години, Чешка повторно ја освои светската круна, додека Швајцарија остана без првото злато.

На мечот за третото место, Шведска ја совлада Канада со 4:2.