Време е да се дознае вистината за Кутињо

120

Киа Јорабчијан, агентот на бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо, демонстрираше несигурност кога е во прашање иднината на неговиот клиент во редовите на каталонскиот гигант Барселона. Познатиот агент откри дека најмногу е загрижен поради најавениот кам-бек на Неимар на „Ноу Камп“.

Тој сериозно се сомнева дека Барселона може да го изневери неговиот клиент и да го стави на трансфер-листата, иако пред неколку месеци му било ветено дека нема да биде продаден за време на летниот преоден рок.

  • Генералниот менаџер на Барселона, Пеп Сегуера ми вети дека нема да го продаде Кутињо ова лето. Иденточно верување добив и од клупскиот претседател, Жозеп Марија Бартомену. После таквото ветување ние решивме дека нема да бидеме на пазарот за играчи и затоа мојот клиент нема добиено никаква официјална понуда. Советникот на Барселона од Бразил сака да го вклучи Кутињо во трансферот на Неимар. Тоа го знам. До сега молчев, но нема да дозволам Барселона да лаже. Дојде и тој момент кога треба да ја кажам вистината за мојот играч, изјави агентот на Филипе Кутињо.