Со Алкантара во ЛШ

107

Најпријатното изненадување во шпанската Ла Лига, тимот на Џирона, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Тијаго Алкантара. Искусниот играч за врска од 30. јуни ќе има статус на слободен фудбалер, а со Џирона ќе може да настапува и во Лигата на шампиони.